Sunday, April 10, 2011

куманово

Куманово е еден од најубавите градови во република Македонија.
На овој блог ке дознаете многу нешта за градот
Куманово.
Куманово

Местоположбата на градот

Куманово се наоѓа на североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, распространето од двете страни на реките Липковка и Кумановка. Градоначалник на Општина Куманово е г-дин. Зоран Дамјановски.
Легендата за Куманово

Според легендата името на населбата потекнува од името на воинственото племе Кумани кои во 1094 год. навлегле во овој крај и извесно време се задржале на територијата на денешна Кумановска општина и пошироко.Други претпоставки за името не постојат.
Историјата на градот

Куманово во среден век

Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и јужна Морава. Во 1519, во турските документи се спомнува како село во состав на Нагоричка нахија со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век. Се претпоставува дека населбата во овој период има слабо развиено стопанство. Тоа го потврдуваат и патеписните забелешки на Евлија Челебија од 1660, според кои населбата имала околу 600 куќи, џамија, медреса, хан, хамам и одреден број на дуќани. Градската населба, административен центар на нахијата, Куманово станува при крајот на XVI или почетокот на XVII век. Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 година, од патеписните дефтери во архивот на Република Турција во Истанбул со 52 семејства и околу 300 жители. Најопширни и најзначајни податоци дава Евлија Челебија во 1660 година кој напишал: „Населбата Куманово се наоѓа на територијата на Скопскиот санџак и претставува еден војводлак. Градот е украсен со многу реки, закитен со 600 куќи, покриени со керамиди.“
Карпошово востание

Но во 1689 год. при продирањето на Австриците на Балканот, водачот на востаниците од северниот дел на Македонија, Карпош се прогласува за ,,крал од Куманово” што покажува дека Куманово како населба била на добар глас. Имено како сообраќаен крстопат имал значајна економска важност каде трговијата била значително развиена. Со тоа успева да ги надмине конкурентните центри (Табановце, Негоричане, Стрезовце и Клечовце) во својата најблиска околина. Таквиот стопански раст бил прекинат со Австрискиот поход на Балканскиот Полуостров. Како и повеќето градови во Македонија, Куманово било во опаѓање, но не исчезнува како населба. По бурните настани (Карпошово востание во 1689 год.) настанува стагнација на градот, и тој се до крајот на XVIII век претставува типична турска касаба.


Смртта на Карпош


Археолошки локалитети

На територијата на Куманово и Кумановско, постојат следните археолошки локалитети:
 "Прибовце" с.Бедиње - ископувања 1978 год.
 "Дрезга" с.Лопате - 1978, 1979 и 1980 год.
 "Костоперска Карпа" - 1983 и 1987 год.
 "На брег" - 1986 год.
 "Кодра Зулфи" с.Никуштак - 1991 год.
 "Градиште" с.Пелинце - 1989, 1990, 1994 год.

Географија

Градот Куманово се наоѓа во северниот дел на Република Македонија. Сместен е во источното подножје на Скопска Црна Гора, во источниот дел на Кумановското Поле на надморска височина од 330 метри. Поставен на главната сообраќајна артерија по Вардарско-моравската долина, Куманово има мошне добра сообраќајно-географска положба. Како сообраќаен јазол, освен трасираниот железничкиот сообраќај, низ него минуваат патишта кои на исток водат за Крива Паланка и Кратово, на југоисток за Свети Николе, на север за долината на Јужна Морава и на југозапад за Скопје.
Хидрографија

Хидрографската мрежа во Кумановско ја сочинуваат средните и долните текови на Пчиња, Кумановска и Крива Река и некои помали водотеци кои целосно му припаѓаат на сливот на реката Пчиња. Пчиња е најголема и најважна река во Кумановско и е втора по должина лева притока на Вардар. Извира под врвот Бела Вода на планината Дукат (Србија), на надморска височина од 1.660 метри. На неколку места во Кумановско се регистрирани појави на минерални води. Најпознати се изворите кај нас. Проевце, а има извори во реонот на Липково, како и во други делови на Општината. При вршењето на истражни работи со дупчење, пронајдени се термоминерални води во околината на с.Старо Нагоричане. Најпознати и најискористени се изворите во нас.Проевце, или како што уште се нарекува Кумановска Бања . Поради разните состојки, водите од ови извори се означуваат како алкална-земјоалкална хипотерма, температура на водата изнесува од 28 до 31 степени, со што спаѓаат во групата на хипотермални води. Тука вредни за споменување се и двете вештачки езера што се наоѓаат во близина Куманово а тоа се Липковското Езеро и езерото Глажња.
Градски месни заедници,населби,села,приградски месни заедници
Населби
Перо Чичо, Гоце Делчев, Зелен Рид, Бедиње, Карпош, Ајдучка Чешма, Пуковско, Бабин дол, Железницка станица.

Градски месни заедници
Центар, Панче Пешев, 11 Октомври, 11 Ноември, Х.Т.Карпош, Благој Стефковски Гојчо, Тоде Мендол, Перо Чичо, III МУБ. Гоце Делчев, Бајрам Шабани, Средорек, Зелен Рид.

Приградски месни заедници
Проевце, Иго Тричковиќ, Козјак-Нас.Карпош, Долно, Којнаре, Јане Сандански (Бабин Дол), Бедиње,
Селски месни заедници
Доброшане, Речица, Горно Којнаре, Режановце, Лопате, Пчиња, Комуна, С.Студена Бара, Вак’в, Карпош-С.Винце, Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, Брзак, Агино Село, Романовце, Биљановце, Шупљи Камен, Тромеѓа, Табановце, Карабичане, Перо Стојмановиќ С.Сушево, Сопот, Четирце, Вера Которка, Братство Единство С.Д’лга
Клима
Врз климатските одлики, односно различните вредности на метеоролошките елементи во Куманово, влијание имаат неколку фактори. Според географската ширина и близина на поголемите водени површини, се смета дека во Македонија се чуствуваат топли влијанија. Но, Куманово се наоѓа во северниот дел на Македонија, така што тие влијанија помалку се чуствуваат. До израз доаѓа релативната отвореност на релјефот, што овозможува навлегување на различни воздушни влијанија, особено по Моравско-вардарската долина со меридијански правец на протегање.
Според наведените одлики може да се заклучи дека вo Куманово се чуствуваат влијанија на топли и студени воздушни маси, кои условуваат во климатски поглед да се издвојат две годишни времиња, и тоа: студена и влажна зима и топло и суво лето. Од преодните годишни времиња поизразена е есента, понекогаш долга и топла што е одлика на умерено-континентална клима. На околните планини повеќе се изразени одликите на континенталната клима.
Температурата на воздухот е важен метеоролошки елемент. Нејзината средна годишна вредност изнесува 11,8C (за Куманово), а на падините на околните планини е пониска, во зависност од надморската висина.
Просечното годишно количество на врнежи во Куманово изнесува 549,3 mm на квадратен метар, според кое спаѓа во второто подрачје во Македонија по сушноста. Сушите, најчесто се карактеристични за летните месеци, а може да продолжат и во есен.
Кумановскиот регион се одликува и со изразита ветровитост,најчесто дува северен и, помалку северозападен ветер.
Просечната честина на овој ветер изнесува 331%. Средномесечната брзина е различна, а годишниот просек изнесува 3,2 m во секунда.
Просечната годишна сончевина изнесува околу 2.200 часови, а во околниот планински терен таа е поголема. Годишно во Куманово просечниот број (ведри) денови изнесува 84, додека годишно има просечно 97 (облачни) денови.
Население
Во почетокот на XX век во Куманово живеат околу 14 530 жители. Во текот на Втората светска војна Куманово се истакнува во борбата против фашистичкиот агресор. Во повоениот период бележи перманентен раст на населението (1948 г. 20578 жители; 1953 г. 23785 жители; 1961 г. 31845 жители; 1971 г. 47809 жители; 1981 г. 63088 жители; 1994 г. 71853 или 65233 жители) посебно во временски период од 1961 до 1981 година кога населението двојно се зголемува. Според бројот на жители во 2002 год. е втор град по големина во Република Македонија зад Скопје. Општина Куманово претставува најголема општина во Република Македонија. Според статистички податоци од пописот во 2002 година градот Куманово брои 76.272 жители од кои:
 Македонци 47.743 (62,60%)
 Албанци 18.278 (23,96%)
 Срби 5.230 ( 6,86%)
 Роми 4.056 ( 5,32%)
 Турци 256 ( 0,34%)
 Власи 108 ( 0,14%)
 Бошњаци 15 ( 0,02%)
 Останати 586 ( 0,77%)
Цркви и манастири

Црква „Свети Ѓорѓи“- Старо Нагоричане
Дeнeшнaтa цpквa билa пoдигнaтa нa ocтaтoцитe нa пocтap xpaм кoj имaл бaзиликaлнa фopмa, oд XI вeк, т.e. вo вpeмe нa влaдeeњeтo нa визaнтиcкиoт импepaтop Poмaн IV Диoгeн (1067-1071). 3a oвoj пoдaтoк дoзнaвaмe oд житиeтo зa мoнaxoт Пpoxop Пчинcки, вo чиja чecт импepaтopoт ja пoдигнaл пpвoбитнaтa цpквa, нa мecтo кaдe Пpoxop гo зaпoчнaл cвojoт иcпocнички живoт. Ocтaтoци oд пpвoбитнaтa цpквa видливи ce вo вид нa гoлeми кaмeни блoкoви, вo виcинa oд oкoлy 4 мeтpи.
Oбнoвyвajќи ja цpквaтa, Mилyтин ja измeнил cтapaтa бaзиликaлнa фopмa, co штo xpaмoт дoбил фopмa нa впишaн кpcт co издoлжeн тpaвej нa иcтoчниoт и зaпaдниoт дeл и пeт кyпoли.
Sидaнa e oд yбaвo дeлкaни кaмeни блoкoви, a фacaдaтa e paзигpaнa co кepaмoплacтичнa дeкopaциja, кaкo peминиcцeнциja нa визaнтиcкaтa гpaдитeлcкa тpaдициja. Kepaмoплacтикaтa e пpиcyтнa и нa мoнoфopитe нa цeнтpaлнaтa кyпoлa кoи cлyжeлe кaкo oтвopи зa ocвeтлyвaњe нa цpквaтa. Ha cтpaничнитe sидoви вo гopнaтa пapтиja иcтo тaкa ce нaoѓaaт пoвeќe пpoзopци oд типoт нa бифopи и тpифopи.
Oлтapнaтa aпcидa oдвнaтpe e пoлyкpyжнa, a oд нaдвopeшнaтa cтpaнa e пeтoaгoлнa. Eнтepиepoт нa xpaмoт вo cвojaтa пpocтopнa диcпoзициja имa тpи кopaби кoи eдeн oд дpyг ce oддeлeни co cтoлбoви. Kaкo peдoк eлeмeнт coчyвaнa e oлтapнaтa пpeгpaдa, изpaбoтeнa oд кaмeни cтoлбoви, пapaпeтни плoчи и opнaмeнтиpaн apxитpaв.
Црквата по својата основа е крстообразна петкуполна. Централната купола одвнатре е дванаесетострана. Меѓу трансептот и аглите се наоѓаат крстести сводови. Западниот крак на крстот е прекршен и на истата страна е формирана ниска припрата. Олтарната апсида однадвор е петострана и е разиграна со декоративни ниши изработени од тули. На двете страни од апсидата се наоѓаат мали капели над кои се издигаат двете источни куполи. Фасадата на црквата е украсена со пиластри и слепи аркади.


Црква „Света Петка“- Младо Нагоричане
Цpквaтa "Cвeтa Пeткa" вo Mлaдo Haгopичaнe e изгpaдeнa и живoпиcaнa нajвepojaтнo вo 1628 гoдинa. Kтитopитe нa цpквaтa нe ce пoзнaти, a гoдинaтa нa нejзинaтa изгpaдбa ce извeдyвa cпopeд зaчyвaнитe ocтaтoци oд ктитopcкиoт зaпиc (дeнec yништeн). Oкoлy цpквaтa ce нaoѓaaт пocтapи и пoнoви ceлcки гpoбиштa, пopaди штo e нapeчeнa и гpoбjaнcкa цpквa. Oвa гo пoтвpдyвa и пaтpoнcтвoтo нa Cвeтa Пeткa, чиj кyлт ja пpeтcтaвyвa кaкo зaштитник нa yмpeнитe.
Цpквaтa "Cвeтa Пeткa" пpeтcтaвyвa eднoкopaбнa зacвoдeнa гpaдбa, гpaдeнa co кaмeнoт тeтpaxит. Cпopeд дoceгaшнитe пoдaтoци, тaa нajвepojaтнo нacтpaдaлa вo Пpвaтa cвeтcкa вojнa, тaкa штo дeнec e мoшнe oштeтeнa.
Цpквaтa "Cвeтa Пeткa" cпaѓa вo paмкитe нa cтилcкa и xpoнoлошка група сакрални објекти со изразито архаични карактеристики: тробродни базиликални форми или цркви со трикратно расчленет простор, обично без купола, како и со едноставни тетрахитни фасади. Апсидалните конхи се конструирани со изразита вертикална нагласеност, што не е случај и во другите делови на Македонија.
Образовни институции
Високо образовни установи - Факултети: EuroCollege - American Heritage University - Високо образовна установа со студии по менаџмент, маркетинг, економија и бизнис., Средни училишта: Гимназија „Гоце Делчев“, ДСТУ Наце Буѓони, СУ Гоце Делчев, СУ Киро Бурназ, УСО Перо Наков.
Основни училишта: 11 Октомври, Бајрам Шабани, Браќа Миладиновци, Вук Караџиќ, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин,Магдалена Антова, Наим Фрашери, Христијан Тодоровски Карпош, Толи Зордумис.
Основни училишта во кумановските села: Јероним Дерада - Черкези, Браќа Рибар - Табановце, Вера Которка - Клечевце, Карпош- Умин Дол, Кирил и Методиј - Романовце.
Kултурa
Во Куманово постои голем број професионални културни институции : Библиотеки, Народен музеј , Народен театар и Центар за култура. Од културните манифестации ги издвојуваме : Ликовната колонија , Џез-фестивалот " Денови на комедијата ". На планот на соработката со Солун и другите балкански градови можно е :
 соработка на стручни лица кустоси-куратори, историчари на уметноста
 размена на џез-групи (гостување и учество на фестивали)
 театарска соработка со драмски претстави (трагедии,комедии, антички драми)
Спорт и рекреација
На полето на Спортот во Куманово делуваат многубројни :
 Околу четириесет Фудбалски клубови
 Кошаркарски клубови
 Ракометарски клубови
 Боксерски клубови
 Шахот во Куманово датира уште од 1930 (женски и машки)
 Атлетика-зазема учество на сите натпревари во Републиката , најистакнат е атлетскиот клуб ``Скок``.
 Велосипедски клубови
 Стрелаштво-клубови (пр: Клуб " Куманово" " основан 1961)
 Во градот Куманово постои голема активност во карате клубовите , аеро-клубовите, мал фудбал и други спортски активности каде што спаѓаат пливачките клубови „Аква Куманово“ и „Тумба“ кои за жал нема кај да го искористуваат својот потенцијал до максимум бидејќи во Куманово нема никаков затворен Олимписки Базен...
 Во Куманово за жал не постои никаков затворен Олимписки Базен , кој навистина им е потребен на пливачите од ``ПК Аква`` Куманово , штета.
Соработката на спортските клубови и спортистите од Куманово со другите градови пружа големи и разновидни можности.
Ѕебрњак


Смомен обележјето Ѕебрњак
На брдото Ѕебрњак, каде се одигра еден од најжестоките судири во Првата балканска војна, подигната е Спомен-костурница во која се сместени коските на загинатите српски војници. Костурницата според проектот на архитектот Момир П. Горуновиќ, е откриена во 1937 година. Денес постои само долниот дел широка тркалезна костурница, додека горниот пирамидест дел е урнат во 1942 година од бугарски фашисти.



Музеј на Христијан Тодоровски- Карпош
Спомен куќа на командантот на Кумановскиот баталјон "Јордан Николов-Орце",Христијан Тодоровски-Карпош, убиен од страна на бугарскиот окопатор на 7 февруари 1944 за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во с.Билјача-Прешевско.
Ноќен живот
Од дамнешно време до ден денес во Куманово постои ноќниот живот. Отсекогаш претставувал град на убави доживувања, разни журки, концерти, фестивали, манифестации итн. Моментално постојат повеќе локали, односно места за излегување во центарот на градот меѓу кои најпознати се клубот Linka, кабаре Tunel, кафе-бар Club, Irish Pub како и многу други. Најнова атракција во градот е изградбата на трите локали (Нама Кафе) на плоштадот во центарот на градот. Во склоп на оваа градба спаѓаат ресторант, коктел-бар и кафуле каде што може да се најде дневната, а посебно ноќната шема. Најнова атракција во градот е Caffe Club Versaj( поранешна кино бавча ).

Личности
 Ангел Миладинов (1928 - 1984), фотограф, соработник на Манаки
 Трајко Прокопиев (1909 - Белград, 1979), композитор, диригент и автор на филмска музика
 Кирил Караџа (1900-1973), академски сликар
 Тоде Саздовски (р.1925), поет
 Методи Петровски (р. 1938), поет, прозаист и есеист
 Момчило Петровски (р. 1936), ликовен уметник
 Зоран Јакимовски (р.1953), графичар и сликар
 Венко Андоновски (р. 1964), писател
 Југослав Петровски (р.1969), поет и драматург
 Столе Златановски 1960 познат фудбалер
 Вујадин Станојковиќ (р.10.09.1963)репрезантивец на СФРЈ,Р.Македонија клубови Вардар,Партизан Шведска
Кокино
Кокино е мегалитска опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, на околу 50 километри воздушна линија од Скопје, односно 35 km оддалеченост од Куманово. Таа е поставена на врвот „Татиќев камен“, а името го добила по најблиското село Кокино. Опсерваторијата случајно е откриена во 2001 год.од страна на бугарски и македонски археолози, а во 2002 год. се започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово,. Таа е датирана во 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време. Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето. Камените маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето, всушност, само на рамнодневиците - на 21 март и на 21 септември - изгрева точно на Исток и заоѓа точно на Запад. Потоа постепено има отклонување до 45 степени. Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните стени во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Сонцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделството и сточарството. Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и делови на керамика.


Поглед на Кокино
Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на стените се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето. Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 год. американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место. Првите четири опсерватории според НАСА се:
Абу Симбел - Египет
Стоунхенџ - Велика Британија
Ангкор Ват - Камбоџа
Кокино - Република Македонија


Фотографии од Куманово



за крај малку забава

1 comment:

  1. Г-н Бенджамін падышоў і вышэй за свае патрабаванні, каб дапамагчы мне з маёй пазыкай, якую я выкарыстаў, каб пашырыць свой аптэчны бізнес, яны былі дружалюбнымі, прафесійнымі і абсалютнымі каштоўнымі камянямі для працы. Я рэкамендую ўсім, хто шукае крэдыт, звяртацца. Lfdsloans@outlook.com.WhatsApp ... +19893943740.

    ReplyDelete